Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пакистанската покраина Пенџаб, откако силни бури и обилни дождови ја погодија покраината, соопшти денес локалната самоуправа.
Бурата беше толку силна што предизвика штети на инфраструктурата, го парализираше патниот и воздушниот сообраќај и предизвика прекини во електричната енергија на неколку места, објави весникот „Индија тудеј“.
Според владата на Пенџаб, повеќето од смртните случаи во покраината се случиле поради уривање на дотраени куќи или паѓање дрвја, а пријавени се повеќе од 20 инциденти во кои штетата е предизвикана од паѓање на соларни панели и билборди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата