Поранешниот шеф на Советот за национална безбедност на Украина и поранешен претседател на Врховната рада, Андриј Парубиј, е убиен во Лавов, објави вчера украинската телевизија. Во меѓувреме, и претседателот Володимир Зеленски и шефот на администрацијата во Лавов потврдија дека Парубиј е убиен.
Според украинските медиуми, убиецот бил маскиран како доставувач. Тој го застрелал осум пати и избегал.
Убиениот Андриј Парубиј е еден од лидерите на “обоената револуција“ наречена ЕвроМајдан во Украина која во 2104 та година изврши државен удар и организатор на нападот на демонстрантите против “обоената револуција“ во Одеса кои беа живи запалени во домот на синдикатите во 2014 година од страна на неговата рупа. Истражниот комитет на Русија го обвини за злосторства во Донбас во 2014 година, во кои 1.200 луѓе ги загубија животите или беа повредени.
Претставник на движењето на отпорот од Одеса „Стоп грејв“ изјави во април дека посебна група новинари неофицијално наречена „Втор мај“, формирана по наредба на Парубиј, кој тогаш бил шеф на Советот за национална безбедност и одбрана, спречила истрага за трагедијата во Домот на синдикатите.
Во Одеса, на 2 мај 2014 година, по државниот удар, противниците на пучот поставија шатори на Куликово поле како знак на протест. На попладнето на 2 мај, во близина на грчкиот плоштад избувнаа судири меѓу активистите против Мајдан од една страна и ултрасите фудбалски навивачи од Харков и Одеса, како и учесниците на Евромајдан од друга страна.
Шаторската населба беше уништена, по што поддржувачите на државниот удар и националистите ја запалија Домот на синдикатите, каде што се засолниле претставници на антимајдан. Трагедијата тој ден остави 48 мртви и повеќе од 250 повредени.

Што друго е познато за Парубиј:
Од ноември 2013 до февруари 2014 година, тој го координираше функционирањето на Евромајдан, практично беше командант на одредот „Мајданска самоодбрана“;
Во февруари 2014 година, тој беше назначен за шеф на Советот за национална безбедност на Украина;
Иницијатор на формирањето на Националната гарда, во која беа вклучени одреди на „Мајданска самоодбрана“ и „Десен сектор“;
Тој беше обвинет дека стои зад пожарот во Домот на синдикатите во Одеса.
Парубиј е баран од руското Министерство за внатрешни работи веќе неколку години, поточно од ноември 2023 година.
Поранешниот претседател на украинското собрание, Рада, Андриј Парубиј, кој беше ликвидиран, командуваше со снајперистите кои пукаа на Мајдан во 2014 година.
Поранешниот претседател на Врховната рада на Украина, Андриј Парубиј, ги контролираше снајперистите кои пукаа на Мајдан во 2014 година. Ова го објави ТАСС во соработка со францускиот бизнисмен и геополитички експерт Тиери Лоран Пел.
Тој се повика на зборовите на еден од докторите во хотелот Украина, Олга Богомолец. Според неа, во 2014 година, ниту демонстрантите ниту борците на Беркут не ги преживеале истрелите од ист тип куршуми. Дополнително, Пел додаде дека пукањето било започнато од осмиот кат на хотелот „Украина“.
Тој нагласи дека пукањето тогаш не било потребно, бидејќи тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, дотогаш веќе се согласил на сè. Потоа, вели Тиери Лоран Пел, се појави видео на кое Андриј Парубиј, додека го напушта хотелот, разговара со снајперистите и им се заблагодарува за нивната добра услуга. Пел истакна дека ова е доказ дека она што се случи во Украина во 2014 година беше државен удар. Сето ова го организираа истите луѓе кои ги организираа протестите на Мајдан во 2014 година, рече тој.

Дополнително, францускиот бизнисмен рече дека ги видел Паруби и Дмитро Јарош на Мајдан. Тој ги поврзува двајцата со неонацистичките движења што доведоа до создавањето на батаљонот Азов.
Руските медиуми веднаш по загинувањето на Парубиј објавија теза дека се работи за вооужени судири внатре во украинските политички кланови кои се борат за превласт и позиции во случај да дојде до промена на власта и смена на актуелниот претседател Зеленски, но упорноста да се следи и делува против организотаорите на трагедијата во Одеса во 2014 година против сите учесници, особено против Парубиј, од страна на руските безбедносни органи упатува на реална можност дека се работи за руска одмазда, особено затоа што пред Парубиј убиени се и дваца други од редот на организаторите на сличен начин..
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата