logo
logo
logo

„Црна овца“ на Европската Унија и КОШМАР ЗА БРИСЕЛ“

Vecer | 09.06.2025

„Црна овца“ на Европската Унија и КОШМАР ЗА БРИСЕЛ“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека на Украина ѝ е потребен прекин на огнот, преговори и мир, како и дека „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“.

На состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, во францускиот град Морманс-сур-Вернисон, Орбан рече дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат да веруваат дека војната мора да продолжи, објави унгарската агенција МТИ.

„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдање и уништување“, истакна тој.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека неговата земја е „црна овца“ на Европската Унија и кошмар за Брисел, додека претставува надеж за европските патриоти.

„Не сакаме Брисел да воведе воена економија под изговор на војна, не сакаме да зема огромни кредити, да ги федерализира парите на земјите-членки и да ги вклучува нашите земји во трка во вооружување. Ве молам да ги запрете“, им рече Орбан на учесниците на состанокот.

Според него, Брисел ѝ се заканува и ја уценува Унгарија со финансиски санкции затоа што не пушта мигранти во земјата, но Будимпешта попрво ќе им плати отколку да им дозволи на мигрантите да ја уништат безбедноста на унгарските градови и улици.

„Се бориме за нашите семејства и татковина, дури и ако треба да се соочиме со целата бирократија на Брисел“, заклучи унгарскиот премиер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk