logo
logo
logo

Тоа е тивката европска корупција: СУНАК ОД ПРЕМИЕР НА БРИТАНИЈА ОДИ ЗА СОВЕТНИК ВО МАЈКРОСОФТ

Vecer | 11.10.2025

Тоа е тивката европска корупција: СУНАК ОД ПРЕМИЕР НА БРИТАНИЈА ОДИ ЗА СОВЕТНИК ВО МАЈКРОСОФТ

Не е од вчера. Последните неколку децении сме сведоци како во САД и Европа премиери или претседатели носат чудни политички и економски одлуки, јавноста ги плаќа последиците, а откако ќе им заврши мандатот големи корпорации ги вработуваат за високи плати и бонуси, им спонзорираат нивни книги, јавни настапи или предвања со стотици иљади евра (или долари) со кои, во суштина, се покрива корупцијата и клиентилизмот а им раздолжуваат за услугите додека биле функционери.

Поранешниот британски премиер Риши Сунак презеде советнички улоги во „Мајкрософт“ и компанијата за развој на вештачка интелигенција „Антропик“.

Веста ја потврди британскиот Одбор за пост-министерски ангажмани (ACOBA), кој е задолжен да спречи судир на интереси кога поранешни владини функционери преминуваат во приватниот сектор, но неговите одлуки не се обврзувачки. ACOBA може само да дава препораки и јавно да ги објавува условите под кои се одобрува новата позиција, без правен механизам за санкционирање на евентуални прекршувања.

Риши Сунак, кој ја водеше британската влада од октомври 2022 до јули 2024 година, ќе биде задолжен за обезбедување стратешка анализа за глобалните економски и геополитички трендови, а сите хонорари од овие ангажмани ќе ги насочи кон хуманитарната фондација „Проект Ричмонд“, која ја основал со сопругата Акшат Мурти, објавува „Гардијан“.

Комитетот на ACOBA предупредува во својата проценка дека постои „основана загриженост“ дека назначувањето на Сунак може да се протолкува како предност за „Мајкрософт“ во комуникацијата со британската влада, со оглед на неговиот претходен пристап до класифицирани информации и фактот дека вештачката интелигенција беше меѓу приоритетите на неговиот кабинет.

Компанијата Anthropic, проценета на 180 милијарди долари, е меѓу водечките компании во развојот на вештачката интелигенција и се натпреварува со компаниите Google и Open AI.

Во соопштението, Anthropic наведува дека компанијата е „горда што има лидер во тимот кој беше меѓу првите што го препозна трансформативниот потенцијал на технологијата за вештачка интелигенција“.

Сунак оцени дека светот е „на работ на технолошка револуција длабока како индустриската револуција, но со многу побрзи последици“ и додаде дека сака да придонесе за развој што „донесува вистински подобрувања во животот на луѓето“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk