Киев беше мета на еден од најсериозните воздушни напади од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Руски сили извршија координиран деветчасовен напад по градот, при што според последните информации, загинаа најмалку 21 лице, а 134 се повредени.
Украинските служби за итни интервенции информираа дека нападот ги зафатил 27 различни локации низ главниот град. Во нападот биле искористени околу 440 беспилотни летала и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најмасовните до сега на територија на Киев.
Ова е еден од најужасните напади со кои се соочивме. Потребна ни е уште поголема поддршка од светот за да ја одбраниме Украина.
Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, потврди дека меѓу целите на нападот биле пред сè цивилна и критична инфраструктура. Пожарникарите и спасувачките екипи се соочија со исклучително тешки услови додека интервенираа на местата погодени од проектилите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата