logo
logo
logo

Моќна ирачка милиција МУ СЕ ЗАКАНИ НА ТРАМП

Vecer | 20.06.2025

Моќна ирачка милиција МУ СЕ ЗАКАНИ НА ТРАМП

Моќна шиитска милиција од Ирак, која е поддржана од Иран, објави дека ќе нападне американски воени бази на Блискиот Исток доколку администрацијата на Трамп се вмеша во израелско-иранскиот конфликт.

„Повторно потврдуваме, со уште поголема јасност, дека ако САД влезат во оваа војна, расеаниот Трамп ќе ги изгуби сите трилиони од овој регион за кои сонува. За таа цел се воспоставени оперативни планови“, рече Абу Али ал-Аскари, шеф за безбедност на Катаиб Хезболах.

Трамп треба да донесе одлука во рок од две недели

„Несомнено, американските бази низ целиот регион ќе станат слични на ловишта“, додаде тој. Белата куќа вчера објави дека американскиот претседател ќе донесе одлука во рок од две недели дали да започне напад врз Иран.

Ал-Аскари, исто така, се закани дека ќе го затвори Ормутскиот теснец помеѓу Персискиот и Оманскиот Залив, како и тесниот воден пат Баб-ел-Мандеб што води во Црвеното Море од југ.

„Нафтените пристаништа покрај Црвеното Море ќе престанат со работа, а да не ги спомнуваме непредвидените изненадувања што би можеле да ги чекаат нивните авиони на небото“, истакна тој.

САД минатиот јануари соопштија дека Катаиб Хезболах веројатно стои зад нападот со беспилотни летала врз мала американска база во Јордан позната како Кула 22. Во нападот загинаа тројца американски војници, а повеќе од 30 други беа ранети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk