logo
logo
logo

Автобус со 25 патници паднал во река: СИТЕ СЕ СПАСЕНИ

Vecer | 03.08.2025

Автобус со 25 патници паднал во река: СИТЕ СЕ СПАСЕНИ

Автобус во Кубанската област, во јужна Русија, падна од мост во река, а сите 25 патници во него беа спасени, соопшти денес Оперативниот штаб на Краснодарската територија.

„Во селото Дефановка, по улицата Колцеваја, автобус падна од мост во река. Вработените во Кубанско-СПАС ги спасија сите 25 лица“, се вели во соопштението што го пренесе Интерфакс.

Седум лица учествуваа во спасувачката операција.

Претходно беше објавено дека реките во Туапската област се излеале од своите корита и поплавиле бројни области.

Спасувачите започнаа со евакуација на детските кампови и жителите чии домови се наоѓаат во област склона кон поплави поради заканата од поплави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk