Ли Џианхонг, кинески милионер, загина во сообраќајна несреќа за време на службено патување во Албанија!
Тешка несреќа се случи во вторник, 27 април, на патот Елбасан-Либражд, кога возило со кинески регистарски таблички се судрило со автомобил што доаѓал од спротивната насока, управуван од албански државјанин.
Ли, кој бил во 60-тите години, им подлегнал на повредите на местото на настанот, додека шест други се повредени.
Полицијата го уапсила 26-годишниот возач Албанец на другото возило во флагранте фаталниот судир, под обвинение за прекршување на сообраќајните правила.
Локалните власти продолжуваат со истрагата за целосно разјаснување на околностите на несреќата.
Ли Џианхонг беше основач и претседател на групацијата „Синџијанг Гранд Скејп“, која работи во неколку сектори, вклучувајќи телекомуникации и туризам, и има илјадници вработени. Вредноста на компанијата се проценува на 205 милиони долари и постојано е меѓу 500-те најголеми во Кина. Еден од најголемите скијачки центри во Кина, според локалните медиуми, бил во негова сопственост.
Настраданиот инвеститор инаку бил страствен скијач и алпинист, се искачил на седумте највисоки врвови во светот и учествувал во експедиции на Северниот и Јужниот Пол.
Во 2018 година, кога имал 53 години, Ли успеал да го достигне највисокиот врв во светот, Монт Еверест. Во еден период, тој држел и два национални рекорди во сноубординг - за најдолго поминато растојание за еден ден и најкратко време за поминато 200 км за еден ден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата