Доналд Трамп денес повторно е многу активен на Truth Social, каде што ги сподели своите мисли за НАТО во последните неколку минути. Прво, тој препрати порака од друг корисник кој тврди дека вистинската закана за Соединетите Американски Држави се Обединетите нации и НАТО, а дека Кина и Русија се „само плашила“.
„Непријателот е внатре, ОН и НАТО и таа „религија“. Го ставив зборот „религија“ во наводници затоа што не е религија, туку култ“, се вели во пораката испратена од американскиот претседател.
После тоа, тој самиот објави статус во кој го повторува своето старо тврдење дека никој не направил повеќе за НАТО од него.
„Да не бев тука, немаше да има НАТО!!! Ќе беше на пепелта од Историјата. Жално, но вистинито!!!“, напиша Трамп.
Трамп испрати покана до избрани држави да бидат членки на Одборот за мир со кој тој ќе претседава. Меѓу првите потпиша согласност за учество белорускиот претседател Лукашенко, но во ЕУ има отпор кон тој Одбор со кој Трамп ќе раководи за прашања на мирот во светот, пред се во Палестина.
Ова е изборот на држави од страна на Трамп кои се поканети да членуваат во “Одборот“ кој, во суштина е паралелен совет на Обединетите нации но, под раководство на една држава - САД
🇦🇱 Albania
🇦🇷 Argentina
🇦🇺 Australia
🇦🇹 Austria
🇧🇭 Bahrain
🇧🇾 Belarus
🇧🇷 Brazil
🇭🇺 Hungary
🇻🇳 Vietnam
🇬🇧 United Kingdom
🇨🇦 Canada
🇨🇾 Cyprus
🇪🇬 Egypt
🇪🇺 European Commission
🇫🇮 Finland
🇫🇷 France
🇩🇪 Germany
🇬🇷 Greece
🇮🇳 India
🇮🇩 Indonesia
🇮� Ireland
🇮🇱 Israel
🇪🇸 Spain
🇮🇹 Italy
🇯🇵 Japan
🇯🇴 Jordan
🇰🇿 Kazakhstan
🇲🇦 Morocco
🇳🇱 Netherlands
🇳🇿 New Zealand
🇳🇴 Norway
🇴🇲 Oman
🇵🇰 Pakistan
🇵🇾 Paraguay
🇵🇱 Poland
🇵🇹 Portugal
🇶🇦 Qatar
🇷🇴 Romania
🇷🇺 Russia
🇸🇦 Saudi Arabia
🇸🇬 Singapore
🇸🇮 Slovenia
🇰🇷 South Korea
🇸🇪 Sweden
🇨🇭 Switzerland
🇹🇭 Thailand
🇹🇷 Turkey
🇦🇪 United Arab Emirates
🇺🇦 Ukraine
🇺🇿 Uzbekistan
По Франција и Норвешкото Министерство за надворешни работи го отфрли предлогот на Трамп за „Мировен комитет“, јавува норвешката новинска агенција НРК.
- Американскиот предлог отвора низа прашања што бараат понатамошен дијалог со Соединетите Американски Држави. Затоа, Норвешка нема да се приклучи на формирањето на Мировниот комитет и нема да учествува на церемонијата на потпишување во Давос - изјави државниот секретар Кристофер Тонер во изјава за агенцијата НТБ, пренесува НРК.
Би-би-си: ЕУ го суспендира трговскиот договор со САД
Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, договорен во јули, ќе биде суспендиран од Европскиот парламент по заканите на Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд и ќе воведе нови тарифи, дознава Би-би-си од извори блиски до парламентарниот комитет за меѓународна трговија.
Суспензијата, пишува Би-би-си, ќе биде објавена утре попладне во Стразбур. Договорот меѓу Трамп и Урсула фон дер Лајен беше постигнат во јули на голф теренот на Трамп во Шкотска. Со него се намалија американските тарифи за целиот увоз од ЕУ на 15%, што во тоа време се сметаше за добра зделка со оглед на тоа што Трамп се закани со увозни даноци од 30%.
Договорот чекаше одобрување од Европскиот парламент, но комитетот за меѓународна трговија сè уште не го завршил неговото разгледување. Во саботата, неколку часа откако Трамп се закани со американски тарифи за Гренланд, германскиот европратеник Манфред Вебер рече дека „одобрувањето во оваа фаза не е можно“.
Додека договорот се финализираше, ЕУ ги суспендираше своите одмазднички тарифи за стоки во вредност од 93 милијарди евра што ги купува од САД. Таа суспензија завршува на 6 февруари, а без продолжување или парламентарно одобрување на договорот, царините на ЕУ за американски стоки ќе стапат на сила на 7 февруари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата