logo
logo
logo

НАТО: Планот за инвестиции во одбраната претставува КВАНТЕН СКОК, ПОСТИГНАТА СОГЛАСНОСТ ЗА 5%

Vecer | 23.06.2025

НАТО: Планот за инвестиции во одбраната претставува КВАНТЕН СКОК, ПОСТИГНАТА СОГЛАСНОСТ ЗА 5%

Членките на НАТО се согласија да издвојат 5 проценти од БДП за одбрана, а инвестицискиот план претставува квантен скок кој е амбициозен, историски и клучен за обезбедување на нашата иднина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте на прес-конференција пред самитот на Алијансата, кој се одржува во Хаг во вторник и среда, изјави дека членките се согласиле да издвојат 5 проценти од БДП за одбрана.

Шпанско толкување на договорот

Тој рече дека сите членки, вклучително и Шпанија, се согласиле со новата цел од 5 проценти, додавајќи дека нема исклучоци во НАТО.

„Шпанија исто така се согласи со нашите цели“, рече тој.

Шпанскиот премиер Педро Санчез тврди дека договорената завршна декларација од самитот не воспоставува обврска за сите да издвојат пет проценти.

На барање на Мадрид, формулацијата „ние се обврзуваме“ беше преформулирана во „сојузниците се обврзуваат“, што Санчез го толкува како да значи дека оваа обврска не мора нужно да важи за сите земји.

План за инвестиции во одбраната

На самитот ќе се усвои план за инвестиции во одбраната што претставува „квантен скок кој е амбициозен, историски и клучен за обезбедување на нашата иднина“, додаде Руте.

Генералниот секретар нагласи дека планот за инвестиции во одбраната е „клучен исход“ од претстојниот самит и ќе биде одлучувачки кога станува збор за обезбедување ефикасно одвраќање и одбрана.

Нагласувајќи дека деталите за плановите се тајни, Руте даде неколку примери за тоа во што ќе се инвестира во наредниот период. Меѓу другото, капацитетите на воздушната одбрана ќе бидат зголемени петкратно, ќе се инвестира во илјадници тенкови и оклопни возила, како и во создавање залихи за артилериска муниција.

Поддршка за Украина

Руте рече дека поддршката на сојузниците за Украина е „непоколеблива и постојана“, велејќи дека сојузниците ќе обезбедат над 35 милијарди евра воена помош за земјата оваа година.

Фото: НАТО

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk