Дел од новоотворен мост се урна во вторник во југозападната кинеска покраина Сечуан на автопат што ја поврзува внатрешноста на Кина со Тибет, соопштија локалните власти, а нема извештаи за жртви.
Полицијата во градот Маерканг го затвори мостот Хонгки, долг 758 метри, за целиот сообраќај во понеделник попладне, откако се појавија пукнатини на пристапните патишта и падините и беше регистрирано движење на планинскиот терен, објавија локалните власти.
Темелите на пристапниот мост и патот се урнаа во вторник попладне, што доведе до лизгање на земјиштето, додадоа тие.
Изградбата на мостот заврши претходно оваа година, според видео објавено на социјалните мрежи од градежната компанија „Сечуан Роуд енд Бриџ Груп“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата