logo
logo
logo

Трамп го тужи „Волстрит џурнал“: МЕРДОК, ТЕ ОЧЕКУВАМ

Vecer | 19.07.2025

Трамп го тужи „Волстрит џурнал“: МЕРДОК, ТЕ ОЧЕКУВАМ

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против издавачот на „Волстрит џурнал“ и новинарката која напиша статија за збирка писма дадени на Џефри Епштајн за неговиот 50-ти роденден во 2003 година, вклучувајќи белешка со потпис на Трамп и скица од гола жена.

Тужбата е поднесена против „Дау Џонс“, „Њуз корп“, Руперт Мардок и двајца новинари на „Волстрит џурнал“ (WSJ), покажуваат судските записи.

Според судскиот поднесок поднесен во федералниот суд во Јужна Флорида, Трамп тужи за клевета, напад и навреда. Копија од тужбата не е прикачена на судското досие.

Трамп тврди дека не е автор на пораката

Трамп категорично негира дека е автор на пораката.

WSJ објави дека писмото, на кое пишува името на Трамп, содржело неколку реда текст врамени со контура на гола жена, која изгледала како рачно нацртана со дебел маркер. Весникот наведува дека писмото завршува со „Среќен роденден - и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“ и е потпишано со „Доналд“.

Претходно се закани дека ќе тужи

Трамп се закани дека ќе тужи речиси веднаш по објавувањето на статијата, напишана од новинарите на „Волстрит џурнал“, Кади Сафдар и Џо Палацоло. Двајцата новинари се именувани како обвинети во тужбата.

„Волстрит џурнал“ и Руперт Мердок беа лично предупредени директно од претседателот Доналд Џ. Трамп дека наводното писмо што го објавиле - наводното писмо на Трамп до Епштајн - е ЛАЖНО и дека ако го објават, ќе бидат тужени“, објави Трамп на платформата Truth Social.

Во таа објава, Трамп додаде дека Мердок, сопственикот на „Њуз Корп“, матичната компанија на „Џурнал“, рекол дека ќе го реши тоа.

„Но, тој очигледно немал моќ да го стори тоа“, додаде Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk