logo
logo
logo

Златан: Имав пасош од БиХ, но никој не ме побара! Да играв за Хрватска ќе бев светски и европски шампион!

Vecer | 02.02.2026

Златан: Имав пасош од БиХ, но никој не ме побара! Да играв за Хрватска ќе бев светски и европски шампион!

Фото: Златан Ибрахимовиќ/Инстаграм

И повторно Златан Ибрахимовиќ ги„разбранува духовите“ овде на Балканот. Во третото продолжение од ТВ серијалот “(Не)успех на прваците“ тој кажа дека никогаш не бил контактиран од страна на Фудбалската федерација на БиХ да игра за оваа селекција, иако имал пасош. Исто така кажа дека ако играл за Хрватска ќе бил европски и светски шампион.

Ибрахимовиќ објасни дека, и покрај неговото потекло, со мајка Хрватица и татко Босанец босански, ја избрал Шведска бидејќи немало конкретни понуди од други федерации.

Имав босански и шведски пасош, но ја избрав Шведска. Никој конкретно не ме праша. Имаше разговори, но ништо конкретно не се случи“, објасни тој.
Кога водителот Славен Билиќ праша кого би избрал доколку има шанса, Хрватска или Босна, тој даде самоуверен одговор.

Да ме прашаа мене, ќе имав шанса да ги освојам Светското и Европското првенство со Хрватска. По Давор Шукер и Ален Бокшиќ, на Хрватска ѝ недостасуваше напаѓач, сè друго што го имаа беше врвно. Ги почитувам Марио Манџукиќ, Ивица Олиќ, Анте Ребиќ… Но, јас би им бил конкурент на Шукер и Бокшиќ“, рече тој.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk