logo
logo
logo

Заслужено: Бруно Фернандеш е играч на сезоната во Премиер лигата

Vecer | 23.05.2026

Заслужено: Бруно Фернандеш е играч на сезоната во Премиер лигата

Капитенот на Манчестер Јунајтед, португалскиот интернационалец, Бруно Фернандеш е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

Тој ја заслужи оваа награда со импресивната статистика од осум постигнати гола и дури дваесет асистенции.

Доколку пак во последното коло додаде за погодок, тој ќе стане најдобриот асистент во една сезона во Премиер лигата на сите времиња. Засега е изедначен со Тиери Анри и Кевин Де Брујне кој што застанаа на бројката дваесет во една сезона.

Ова е втора голема награда за Бруно Фернандеш на крајот од сезоната во која тој беше клучен фактор за враќањето на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Пред неколку дена, тој беше прогласен и за фудбалер на годината од страна на Здружението на фудбалски новинари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk