logo
logo
logo

ЗАГИНА СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ВО МАРАТОН Келвин Киптум

Vecer | 12.02.2024

ЗАГИНА СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ВО МАРАТОН  Келвин Киптум

Кенискиот атлетичар, 24-годишниот Келвин Киптум, актуелен светски рекордер во маратон, загина во неделата во сообраќајна несреќа, објавија светските медиуми.

Смртта ја констатирала локалната полиција во Кенија. Страотната сообраќајна несреќа се случила на патот Елдорет – Капсабет.

Покрај него животот го загуби и неговиот тренер Гарве Хакизамана од Руанда, а во возилото се наоѓала и жена по име Шарон Косгеи, која во тешка состојба е пренесена во најблиската болница.

Киптум беше атлетска суперѕвезда. Единствениот човек кој истрча маратон за помалку од два часа и една минута. Рекордот го постави на маратонот во Чикаго (2:00:35 часа)

Минатата недела, неговиот рекорд беше официјално признат. На 14 февруари, Киптум се подготвуваше да стане првиот човек што ќе го заврши маратонот за помалку од два часа.

Тој требаше да настапи со репрезентацијата на Кенија на Олимписките игри во Париз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk