logo
logo
logo

За само четири метри „Енфилд“ отпадна од ЕП 2028!

Vecer | 14.11.2025

За само четири метри „Енфилд“ отпадна од ЕП 2028!

ФОТО: Liverpool FC/FB

Звучи неверојатно, но така е. Имено како што е познато, следното ЕУРО 2028 година ќе се игра на Островот, домаќини ќе бидат Англија, Велс, Шкотска и ќе трае од 9 јуни до 9 јули. Сепак на ова ЕП нема да се играат мечеви на стадионот на Ливерпул, култниот “Енфилд“, иако тој има капацитет од 60.000 гледачи и сите очекуваа да се најде на списокот на стадиони на кои ќе се играат натпревари.

Сепак, според строгите прописи на УЕФА, едноставно „Енфилд“ не ги задоволува критерумите, поточнио проблем е теренот кој е нешто потесен и тоа за четири метри.

Треба да биде 105 должина и 68 метри широчина, а теренот на „Енфилд“ е само 101 метар долг. Интересно е тоа што и Ливерпул и ФА немаат намера да прават било какви промени на теренот.

Па така ЕП 2028 ќе се играат мечеви, тие во Англија, на следните стадиони:

Секако “Вембли“ на кој ќе се одигра и финалето, потоа стадионите на Тотенхем, новиот на Евертон, потоа “Итихад“ на Манчестер Сити, „Вила Парк“ во Бирмингем, и “Сент Џејмс Парк“ во Њукасл.

Од ова се гледа дека покрај „Енфилд, на списокот го нема ни стадионот на Манчестер Јунајтед, “Олд Трафорд“, но тоа не е изненадување.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk