logo
logo
logo

Во Париз стигна изненадувачко писмо од Мбапе!

Vecer | 13.06.2023

Во Париз стигна изненадувачко писмо од Мбапе!

Договорот на францускиот напаѓач со ПСЖ истекува во 2024 година, тој може да биде продолжен до 2025 година доколку се активира клаузулата.

Сепак, француските медиуми тврдат дека Мбапе испратил формално писмо до ПСЖ, во кое им порачал дека во никој случај нема да ја активира опцијата во договорот, односно дека следното лето ќе го заврши својот престој во француската престолнина.

Секако, тоа ги загрижи челниците на францускиот шампион, бидејќи тие сега ќе бидат во искушение да го продадат веќе ова лето, а не е тешко да се предвиди кој ќе биде неговиот следен клуб.

Сон на Мбапе е Реал Мадрид, а кралскиот клуб напорно работи да го ангажира. Планот на Флорентино Перез е да го земе како слободен играч на лето, додека сега се отвора можност да го купи по нешто поевтина цена од очекуваната поради одлуката на играчот да не ја продолжи соработката со францускиот шампион.

Во минатото Перез понуди 180 милиони евра за француската суперѕвезда, но Мбапе реши да остане во ПСЖ откако се вклучи и францускиот претседател.

Сепак, она што многумина веруваат дека е неизбежно може да се случи следното лето. А тоа е Мбапе да заврши во дресот на клубот за кој навиваше како дете.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk