logo
logo
logo

Винисиус со одговор на шпекулациите: Се вратив на најдоброто место во светот!

Vecer | 05.08.2025

Винисиус со одговор на шпекулациите: Се вратив на најдоброто место во светот!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Винисиус направи потег кој до некаде ги смири страстите во Реал Мадрид. Имено откако сите можни релевантни медиуми во Шпанија пренесоа дека Бразилецот нема намера да го продолжи договорот со “кралевите“ ако не добие иста плата како и Килијан Мбапе, сега тој “врати“ со порака на Инстаграм.

Се вратив на најдоброро место во светот“ напиша Бразилецот откако вчера го одработи првот тренинг по летниот одмор.

Дали со ова Винисиус покажува дека е спремен на нови преговори или пак покажува дека сака да остане во Реал Мадрид и натаму без да прави “проблеми“,тоа само тој го знае.

Инаку во последната година неговото име постојано се врзуваше и за трансфер во Саудиска Арабија. Се споменуваа тешки милиони, па и милијарди евра, но познато е дека Реал Мадрид, барем засега, ги одбиваше понудите од пребогатите клубови од Саудиска Арабија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk