Мега – ѕвездата на Реал Мадрид и селекцијата на Брзил, Винисиус Жуниор, има само пофалниз зборови за чудото од Барселона и Шпанија, Ламине Јамал. Во изјава за „Казе ТВ“, напаѓачот на Реал Мадрид не го криеше своето восхитување, признавајќи го огромниот талент на својот ривал од каталонскиот гигант.
Винисиус не се двоумеше да ја именува Шпанија како еден од главните кандидати за трофејот. Според него, тимот има сериозни предности што го прават закана за секој противник.
„Шпанија, бидејќи го освои последното Европско првенство, има тим кој игра заедно долго време, а го имаат и Ламине, кој е еден од најдобрите играчи во светот“, рече Бразилецот.
Најсилните зборови на Винисиус беа резервирани за младиот талент на „блауграните“. Тој го опиша како играч од светска класа чие присуство на теренот е способно да го промени исходот на секој натпревар.
Според напаѓачот на Реал Мадрид, Јамал ги поседува следниве квалитети – еден од најдобрите фудбалери во светот, секогаш прави неверојатни работи на теренот и е способен самиот да го освои Светското првенство.
Винисиус, исто така, коментираше за вечното соперништво помеѓу Реал Мадрид и Барселона, нагласувајќи дека тоа не треба да биде пречка за објективна проценка на талентот.
„Секогаш е многу комплицирано да се зборува за играч на Барселона, нели? Затоа што тогаш навивачите почнуваат да зборуваат, но ние мора да им се восхитуваме на играчите што ги имаме на теренот. Секој мора да плати билет за да го види најдоброто, а Ламине е еден од нив, за кого луѓето плаќаат за да го гледаат како игра. Но, кога одиме на теренот, сакаме да го победиме со некој друг“, заклучи Винисиус за „Казе ТВ“.