logo
logo
logo

Вест Хем со херојска победа, триумф и на Тотенхем

Vecer | 25.04.2026

Вест Хем со херојска победа, триумф и на Тотенхем

Денешната програма од Премиер лигата донесе мечеви кои што имаат влијание исклучиво на битката за опстанок.

А во неа, тимот на Вест Хем забележа огромна победа на свој терен против тимот на Евертон со конечни 2:1. И тоа на каков начин.

Соучек погоди во 52. минута за водство, но Евертон израмни преку Киран Десбјури Хол во 88. минута. Домашните не ги фати паника, туку тргнаа по нов погодок и среќата ги погледна. Ветеранот Калум Вилсон во третата минута од продолжението, успеа да реализира за конечни 2:1.

Од друга страна пак, уште еден кандидат за испаѓање, тимот на Тотенхем конечно победи и тоа на гости. Португалецот Палиња е херојот во минималната победа од 0:1, против Вулверхемптон, а тој погоди во 82. минута.

Ливерпул пак рутински на свој терен го совлада тимот на Кристал Палас со 3:1. Исак, Робертстон и Вирц за домашните, а Муњоз реализира за гостите.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk