Зарем некој мислеше дека ќе биде поинаку, од сите аспекти? Црвена Звезда – Партизан во “вечното дерби“ бр.178, актуелниот шампион на свој терен на “Маракана“ успеа со 3:0 да слави победа против Партизан.
И веднаш да кажеме дека стрелец на првиот гол беше “Македонецот“ Василије Костов во 45+5.минута, потоа стрелаше Арнаутовиќ и Катаи за тие 3:0.
Добар ритам на оваа средба, многу борба, но сепак се знае каде е квалитетот, на која страна. Ова е 72 победа во овие дербија за “црвено – белите“.
Имаше Партизан свои шанси за гол(ови), но имаше и промашен пенал, потоа поништен гол. И по традиција кога играат овие две екипи, поинтересно беше што се случува на трибините. И “Делиите“ и “Гробарите“ вечерва беа во елемент, па затоа во неколку наврати натпреварот беше прекинуван.