Репрезентацијата на Франција ја пречекува Белгија во меч од Групата А во Лигата на нациите. Мечот се игра во Лион (20:45 ч.). Французите влегуваат во овој меч по поразот од Италија во Париз со 1:3, а Белгија доаѓа по победата над Израел со 3:1.
Во меѓувреме француските медиуми пишуваат за кавга во таборот на францускиот национален тим по дебаклот од Италија, па ќе видиме како Дешамп го решил проблемот и дали францускиот национален тим ќе заигра како што знае.
Инаку Франција и Белгија се соочуваат меѓу себе по осминафиналето на ЕП 2024 во кое „триколорите“ победија со 1:0 со гол во финишот.
Белгијците не се премногу добри на гостински терени затоа што победил само два пати од седумте гостувања во оваа година (притоа имаат три ремија и два порази).
Севкупно Белгија има пет победи, три ремија и два порази на последните 10 натпревари.
Од друга страна Французите имаат четири победи, четири ремија и два порази во последните 10 натпревари. Но Французите имаат два порази по ред и ако загубат вечерва за првпат по 2013 година ќе врзат три порази. Да кажеме дека „триколорите“ ги добија трите последни дуели со Белгија.
МОЖНИ СОСТАВИ
ФРАНЦИЈА (4-2-3-1): Мањан – Кунде, Конате, Салиба, Хернандез – Канте, Заир-Емери – Дембеле, Гризман, Барцола – Мбапе
БЕЛГИЈА (4-2-3-1): Кастелс – Кастањ, Фаес, Теат, Сајпер – Онана, Тилеманс – Бакајоко,. Де Брујне, Доку – Опенда
ЛИГА НА НАЦИИ
НАТПРЕВАРИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК (9.09.2024)
ЛИГА А
ФРАНЦИЈА – БЕЛГИЈА 20:45 ч.
ИЗРАЕЛ – ИТАЛИЈА 20:45 ч.
ЛИГА Б
ЦРНА ГОРА – ВЕЛС 20:45 ч.
НОРВЕШКА – АВСТРИЈА 20:45 ч.
СЛОВЕНИЈА – КАЗАХСТАН 20:45 ч.
ТУРЦИЈА – ИСЛАНД 20:45 ч.
ЛИГА Ц
КИПАР – КОСОВО 18:00 ч.
РОМАНИЈА – ЛИТВАНИЈА 20:45 ч.