logo
logo
logo

Ван дер Варт: Рудигер е малку идиот

Vecer | 18.04.2025

Ван дер Варт: Рудигер е малку идиот

Поранешниот репрезентативец на Холандија и поранешен играч од средниот ред на Реал, Рафаел ван дер Варт повторно нападна играч на Реал Мадрид поради неговиот настап против Арсенал. Ван дер Варт, како и некои други поранешни играчи на Реал, деновиве жестоко го критикуваа тимот кој мора да се разбуди и да покаже повеќе на крајот од сезоната, како во шпанското првенство, така и во финалето на Купот на кралот против Барселона.

Холанѓанецот овојпат се нафрли на еден од играчите на тимот на Карло Анчелоти за поразот од Арсенал на „Сантијаго Бернабеу“. Ван дер Варт и неговиот сонародник Тео Јансен разговараа за инцидентот во кој, според нив, Антонио Рудигер намерно го згазил Луис-Скели од Арсенал. Иако многумина оваа ситуација ја толкуваат како нормален дел од интензивен натпревар и обид на Реал Мадрид да го сврти резултатот, Ван дер Варт и Јансен гледаат на тоа сосема поинаку.

„Што се однесува до Рудигер, сите мислиме дека тоа беше намерно кога згазна противник… Тој играше во Штутгарт кога јас бев во Германија. Ме удри во стомакот и доби директен црвен картон… Да, знаете, тој е малку идиот“, изјави Ван дер Варт за ситуацијата во која Рудигер падна на десната нога на играчот на противникот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk