logo
logo
logo

Ван Дајк загрижен поради бројките: Тоа нè боли

Vecer | 29.12.2025

Ван Дајк загрижен поради бројките: Тоа нè боли

ФОТО: Liverpool FC/FB

Капитенот на Ливерпул, Вирџал ван Дајк, изјави дека проблемите на неговата екипа во одбраната при прекините „болат“, пренесе денеска Би-Би-Си.

Ливерпул оваа сезона прими 12 голови од прекини, што е најмногу во Премиер лигата, заедно со Борнмут и Нотингем Форест. На саботниот натпревар на „Енфилд“, кој Ливерпул го доби со 2:1, Вулверхемптон голот го постигна од корнер, додека минатата недела им се случи и против Тотенхем.

„Имаше многу натпревари на кои многу добро се браневме при прекините, но факт е дека примивме премногу голови на тој начин, а не постигнуваме доволно“, изјави Ван Дајк.

Тој нагласи дека проблемот најчесто не е во првиот дуел, туку во продолжението на акцијата.

„Во најмалку 75 отсто од ситуациите, па и повеќе, не станува збор за првиот контакт. Втората фаза е убиствена“, истакна холандскиот дефанзивец.

Ливерпул, без да се сметаат пеналите, постигна само три голови од прекини во првенството, со гол-разлика минус девет, што е најлош учинок на клубот во Премиер лигата според тој параметар.

„Примивме премногу голови од прекини и тоа боли. Мора да се поправиме, а тренингот е единствениот начин да бидеме подобри“, додаде Ван Дајк.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk