Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк.
Херој во победата на Ливерпул беше Вирџил ван Дајк, кој во 61-та минута по корнерот на Салах беше највисок во скокот. Со три бода, Ливерпул максимално ги искористи нерешените резултати меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи во ова коло, па тимот на Слот сега е шести со 42 бода, два помалку од „сините“ и три помалку од „ѓаволите“.
Во 61-та минута, Салах изведе корнер од десната страна, Ван Дајк беше највисок во скокот, шутираше со глава, а Диара успеа само да ја погоди под пречката на гол-линијата во обид да интервенира за 0:1.
Во 78-та минута, сè можеше да го реши Уго Екитике, по центаршутот на Робертсон од левата страна, Французинот со глава ја погоди стативата.
Вистинска лудост гледавме на „Селхерст Парк“, каде што Кристал Палас водеше со 2:0, но веќе губеше со 2:3 на полувремето, што остана конечен резултат до крајот.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата