logo
logo
logo

Вака се сака својот клуб: Хајдук и официјално со 100.000 членoви!

Vecer | 28.09.2023

Вака се сака својот клуб: Хајдук и официјално со 100.000 членoви!

 

Дека Сплити фановите на “Билите“ се “луди“ по Хајдук тоа одамна го знаеме.Но она шо вечерва го објави тимот каде што игра и нашиот Александар Трајковски се граничи со лудило.И со право, Хајдук е симболот на Сплит и симболот на Далмација.

Dan za povijest: Hajduk ima impresivnih 100.000 članova!

Целта е да се достигне до бројката од 112.000 членови по повод 112 годишнината од постоењето.

Оваа бројка е импресивна ако се знае дека за секоја членска карта се наплаќа по 20 евра, што е супер приход. А плус и сезонските билети кои Хајдук ги има продадено во бројка од 20.000.

Овие 100.000 членски карти и тоа како значат и во Европа, ретки се клубовите кои имаат повеќе од Хајдук, се разбира ако ги тргнеме на страна оние гигантите. За Балканот не треба  да се говори кој е “главен“.

Ова нека биде лекција за сите наши клубови, засите наши фанови кои толку го “сакаат“ својот омилен клуб како се манифестира љубовта кон својот омилен клуб.

А во недела спектакл. Хајдук против Динамо Загреб, стадионот “Пољуд“ веќе е распродаден, “пламнаа“ сите 33.000 билети.

Еве, вака се сака својот клуб…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk