Голем број луѓе се собраа рано утрово по локално време за да го пречекаат Лионел Меси на аеродромот „Ислас Малвинас“ во Росарио, од каде што се врати со лет од Мајами, во друштво на своето семејство, одделно од остатокот од тимот што слета вчера во Буенос Аирес.
Бројни прес-екипи што го испратија капитенот на националниот тим назад во неговиот роден град, ја посетија и старата куќа во Лавалеха Естадо де Израел 525, адресата каде што неповторливиот фудбалер живеел до својата 13-та година и се преселил во Барселона. Неговото семејство одамна е сместено во хациенда во затворен комплекс во Фунес, наречен Кентаки Клуб де Кампо, кој има зголемени безбедносни мерки поради високата стапка на криминал во Росарио.
Во меѓувреме, дотраената куќа во населбата Грал Лас Херас стана еден вид музеј, цел на фудбалско поклонение за сите Аргентинци, како и посетители од различни делови на светот.
Знамиња, дресови, шалови, слики, транспаренти и пораки упатени до „Пулга“ се закачени на оградата и фасадата, а оваа „поставка“ е таму веќе многу години. Светското првенство во САД, Канада и Мексико донесе само нови експонати и донекаде поинакви пораки доминирани од молитви ова да не биде последниот танц на најдобриот фудбалер на светот на сите времиња во сино-бела опрема.
Не знаеме дали возилото на Меси поминало низ старата населба, но ако го вклучил телевизорот за секунда или се појавил на социјалните мрежи… имал што да види.
Овој пат им донесе на мајка си Селија и татко си Хорхе сребрен медал.
Сонот за четвртата ѕвезда овој пат не се оствари, но никој во Аргентина не помислува да го обвини капитенот за начинот на кој се бореше да биде зашиен веќе ова лето.
🇦🇷La casa de Messi convertida en santuario: ¿qué le llevarías?
Pablo Olivarez recorre el barrio de Rosario donde creció el capitán de la selección.
📌En #BuenDíaNación en LN+ pic.twitter.com/liypXgj4nA
— La Nación Más (@lanacionmas) July 21, 2026
🥹🇦🇷🗣️ “GRACIAS POR MARCAR EL CAMINO A LOS CHICOS, ES POR AHÍ”
👉Fanáticos de Leo Messi y de la scaloneta se acercan entre nostalgia y emoción a la casa natal del capitán de la selección argentina.#ads #antesdesalir #messi #rosario pic.twitter.com/lbFCEcTa78
— Antes De Salir (@AntesDeSalir) July 21, 2026
🇦🇷🐐 URGENTE | ASÍ SERÁ EL OPERATIVO EN ROSARIO POR LA LLEGADA DE LIONEL MESSI
“TODO UN PROTOCOLO DE SEGURIDAD, ESTO YA ES NOTICIA” pic.twitter.com/WioRO0q8vi
— Agarra la Pala (@agarra_pala) July 21, 2026