logo
logo
logo

Уште едно разочарување за навивачите на Тотенхем

Vecer | 29.11.2025

Уште едно разочарување за навивачите на Тотенхем

Фото: Тотенхем Х

Тотенхем ја продолжува резултатската криза. Во меч од 13. коло на англиската Премиер-лига, вечерва на свој терен беше поразен од градскиот ривал Фулам со 1:2 за четврти меч без победа во низа.

Ова е вкупно петти пораз за Тотенхем во 13 одиграни натпревари, додека Фулам ја забележа својата петта победа.

Почетокот беше шокантен за „петлите“ – веќе во првите шест минути двапати капитулираа.

Фулам поведе во 4. минута кога Чуквуезе проби по левата страна, имаше премногу простор и време да го пронајде Тете на работ на шеснаесетникот, кој беше прецизен за 0:1. Само две минути подоцна – нов удар. Огромна грешка на голманот Викарио, кој излета далеку надвор од својот шеснаесетник и лошо ја исфрли топката директно во нозете на противникот. Вилсон тоа го казни со удар од аут-линијата во празна мрежа – 0:2.

Одговорот на Тотенхем следеше дури во 59. минута. Кудус постигна ефектен гол со левата нога и ја врати надежта – 1:2.

Се очекуваше посилен притисок од домаќините, но одбраната на Фулам беше стабилна и ја сочува минималната предност.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk