logo
logo
logo

Уште едно „НЕ“ од Ливерпул, само луда сума може да ги промени работите

Vecer | 02.07.2025

Уште едно „НЕ“ од Ливерпул, само луда сума може да ги промени работите

Барселона се обиде неодамна, а сега и Баерн Минхен, но и покрај интересот на европските гиганти, Ливерпул останува цврст: Луис Дијаз не е на продажба.

Англискиот шампион одби официјална понуда од Баерн, како и обид за директен контакт од спортскиот директор на германскиот клуб, Макс Еберл. Одговорот од Дијаз исто така бил негативен – Колумбиецот не е заинтересиран за трансфер.

Од клубот испратија сигнал дека ќе почнат преговори за нов договор, иако актуелниот истекува дури во 2027 година. Фудбалерот кој пристигна од Порто во 2023 година тогаш ќе има 30 години, па не е исклучено следното лето да биде ставен на трансфер-листата, доколку клубот реши да освежи тимот.

За сега, новиот менаџер Арне Слот го гледа Дијаз како клучна фигура во своите планови.

Сепак, се споменува и Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија кој би можел да испрати „сулуда“ понуда кон „Енфилд“, сума која Ливерпул тешко би ја одбил – и која би го натерала клубот да каже „да“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk