Репрезентацијата на Уругвај ќе игра на У20 Светското фудбалско првенство што се одржува во Аргентина. Уругвај по 2013 година повторно е во финале, а ќе го брка првиот трофеј светски првак.
Уругвајците во полуфиналето го совладаа Израел со 1:0 со гол на играчот за врска Андерсон Дуарте во 61 минута.
Во финалето Уругвај ќе игра со подобриот од другиот полуфинален меч меѓу Италија и Јужна Кореја.
Инаку финалето е закажано на 11 јуни на стадионот „Унико Диего Армандо Марадона“ во Ла Плата.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата