logo
logo
logo

УЕФА покрена постапка против Симеоне и Ливерпул за инцидентот на „Енфилд“!

Vecer | 23.09.2025

УЕФА покрена постапка против Симеоне и Ливерпул за инцидентот на „Енфилд“!

И официјално УЕФА покрена дисциплинска постапка против Диего Симеоне и Ливерпул за инцидентот минатата недела на „Енфилд“ во меч од 1.коло во Лигата на Шампионите.

Имено по голот на Ван Дајк за победа од 3:2 во последните секунди, стратегот на гостите влезе во конфликт со дел од навивачите. Симеоне потоа тврдеше дека добивал навреди во текот на целиот меч од нив, ама на социјалните мрежи убаво се виде како тој се обидува да плукне еден од нив. По тој инцидент Аргентинецот доби црвен картон па така автоматски ќе паузира на еден меч.

Инаку дополнително ќе се знае за какви санкции ќе се одлучат надлежните во УЕФА за Симеоне, но и за Ливерпул како домаќин на овој меч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk