logo
logo
logo

Турците делат откази: Фенер утрово го отпушти Мурињо, Бешикташ му врачи отказ на Солскјер

Vecer | 29.08.2025

Турците делат откази: Фенер утрово го отпушти Мурињо, Бешикташ му врачи отказ на Солскјер

фото: Daktilock (X)

Ерата на Жозе Мурињо на клупата на турски Фенербахче заврши. Утрово истанбулскиот гигант со соопштение потврди дека Мурињо заминува од кормилото на Фенербахче.

„Се разделивме со Жозе Мурињо, кој беше менаџер на нашиот професионален фудбалски тим од сезоната 2024-2025. Му благодариме за неговите напори и работа во нашиот тим и му посакуваме успех во неговата идна кариера“, напишаа од Фенербахче.

Португалскиот стратег беше на клупата на истанбулскиот тим 62 натпревари. Под негово водство, фенер имаше победи на 37 од тие 62 натпревари, претрпе 11 порази и имаше 14 ремија.

Вчера по елиминацијата од европските купови, отказ доби и тренерот на уште еден турски гигант, Бешикташ. Станува збор за норвежанецот Оле Гунар Солскјер, кој седна на клупата на Бешикташ на 18 јануари оваа година и издржа точно 8 месеци.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk