logo
logo
logo

Тухел: Повикани се играчи што ќе создадат тим

Vecer | 22.05.2026

Тухел: Повикани се играчи што ќе создадат тим

Огромна бура во јавноста на Островот предизвика конечниот список на селекторот на Англија, Томас Тухел, на играчи кои ќе ги поведе на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.

На него нема огромни звезди како Тренд Александер Арнолд, Хери Мехваер, Фил Фоден….

Наместо нив според Тухел повикани се играчи кои според него ќе создадат хомогена средина односно тим кој ќе биде подготвен за највисок дострел.

„Уште од првиот момент бевме убедени дека се обидуваме да го изградиме најдобриот можен тим, кој не мора да биде составен од 26. најталентирани играчи. Тимовите освојуваат првенства, а она што се обидуваме да го постигнеме може да се постигне само како тим. Имаме играчи кои се подготвени и посветени на идејата за тимски дух. Имаме играчи кои се специјализирани за различни сценарија. Кога водиме, кога бркаме резултат. Секогаш сме велеле дека сакаме да бидеме силен тим во прекини, па затоа имаме играчи за тоа. Кога ќе дојде ситуацијата до пенали, знаеме на кого да се обратиме и тогаш, –  рече Германецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk