ФИФА денеска објави дека на нејзината адреса, стигнале половина милијарда барања за билети за претстојниот Мундијал, кој што ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико.
Огромната побарувачка доаѓа во услови на сериозни критики од навивачите за високите цени. Со исклучок на земјите домаќини, САД, Мексико и Канада, најголемиот број барања дојдоа од Германија.
Периодот за апликација стартуваше на 11 декември, и траеше повеќе од еден месец, а апликантите ќе го дознаат одговорот дали се добитници на билети некаде на 5 фебруари.
„Половина милијарда барања за билети за нешто повеќе од еден месец се повеќе од побарувачката – тоа е глобален феномен“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
View this post on Instagram