logo
logo
logo

Тренерот на Барса ја нападна ФИФА поради Рафиња!

Vecer | 21.12.2025

Тренерот на Барса ја нападна ФИФА поради Рафиња!

ФОТО: FC Barcelona/FB

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше доста критичен кон ФИФА и ФИФПро, бранејќи го еден од своите ѕвезди – Рафиња. Самиот Флик на прес-конференцијата пред натпреварот со Виљареал во врска со Рафиња ја покрена ова тема, откако Бразиецот не се најде во идеалниот тим на ФИФА за 2025.
„Не сакам да кажам кој е подобар, но Рафиња не е во Светската единаесетка на ФИФПро и сум изненаден. Звучи како шега“, коментираше Флик и продолжи:

Влијанието на Рафиња беше неверојатно. Ги гледаме неговите голови, неговите натпревари, неговите асистенции… беше неверојатно… и шега е што го нема во единаесетката. Не е фер и морам да го кажам тоа. Не можам да верувам“, додаде тренерот на Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk