logo
logo
logo

ТРАНСФЕРИ: Ѓулер се сели во Лондон, Тотенхем бара 120 милиони евра за Ван де Вен, Челзи спрема “бомба“…

Vecer | 22.01.2026

ТРАНСФЕРИ: Ѓулер се сели во Лондон, Тотенхем бара 120 милиони евра за Ван де Вен, Челзи спрема “бомба“…

ФОТО:facebook.com/RealMadrid

Дали навистина толку беше од Арда Ѓулер во Реал Мадрид. Имено последните вести од Шпанија и Островот, велат дека нема ништо чудно да биде ако турскиот репрезентативец се пресели во Лондон. Се шпекулира дека Арсенал и Челзи се најзаинтересирани за офанзивниот играч за врска. Реал за него бара 100 милиони евра. Овој можен трансфер би се реализирал на лето.

Мики Ван де Вен може да си оди од Тотенхем, но за 120 милиони евра. Ова е сумата која “Спарси“ ја бараат за својот стопер кој е “пик“ на речиси сите најголеми клубови во Европа.

Челзи е спремен да понуди дури 150 милиони евра за Хулијан Алварез. Наголемо за шпекулира дека напаѓачот на Атлетико Мадрид и Барса се во преговори, но исто така јасно е дека каталонската гордост ги нема тие пари за отштета која “јорганџиите“ ја бараат. Затоа “сините“ од Лондон би можеле со 150 милиони евра да го добијат светскиот првак и еден од најдобрите напаѓачи во светот во овој момент. За него е заинтересиран и Арсенал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk