logo
logo
logo

Трансфери: Челзи се пофали со Гарначо! Исак ќе заврши во Ливерпул а Пакета во Астон Вила?!

Vecer | 31.08.2025

Трансфери: Челзи се пофали со Гарначо! Исак ќе заврши во Ливерпул а Пакета во Астон Вила?!

ФОТО: Chelsea F.C./FB

До крајот на летниот преоден рок остануваат само уште помалку од два дена, а се очекува официјализирање на неколку трансфер “бомби“.

Алехандро Гарначо и официјално е во Челзи. Светскиот првак го промовираше младиот напаѓач од Аргентина кој во таборот на „сините“ дојде од Манчестер Јунајтед.

Се чини дека сега нема никакви пречки конечно да се реализира најголемиот трансфер во историјата на Премиерлигата и еден од најголемите во историјата на фудбалот. Откако Волтемаде потпиша за Њукасл, сега Александер Исак конечно би можел да заврши во Ливерпул и да се стави крај на сагата која траеше цело лето.

Последните информации велат дека Лукас Пакета би можел да прави трансфер од Вест Хем во Астон Вила.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk