logo
logo
logo

Трансфери: Барџи денеска потпишува за Барса, Мадуеке веќе е на „Емирејтс“, Чаби Алонсо отпиша тројца и бара нов дефанзивец!

Vecer | 11.07.2025

Трансфери: Барџи денеска потпишува за Барса, Мадуеке веќе е на „Емирејтс“, Чаби Алонсо отпиша тројца и бара нов дефанзивец!

Рони Барџи или “Меси од Шведска“, како што го нарекуваат досегапниот играч на Копенхаген, денеска треба да потпише за Барселона. Тој треба да биде резервата за Ламине Јамал, се знае дека е долга сезоната, па на Ханси Флик ќе му треба уште еден офанзивец по таа десна страна.

Конечно, Арсенал го доби Нони Мадуеке. Челзи кажа да и тоа за околу 60 милиони евра. Познато е дека уште пред неколку дена Мадуеке и Арсенал ги договорија личните услови, требаше само Челзи да се согласи за овој трансфер.

Чаби Алонсо по дебаклот од ПСЖ во полуфиналето, барем според медиумите во Шпанија, и дефинитивно одлучил да избрише од список тројца играчи на Реал Мадрид кои заедно имаат повеќе од 600 настапи за “кралевите“. Тоа се Родриго, Дани Цебаљос и Брахим Диаз.

За возврат Чаби Алонсо од Флорентино Перез побарал да му се донесе дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате.

ФОТО: ФЦ Копенхаген/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk