logo
logo
logo

Тоти: Знаете колку Златни топки би освоил Меси ако беше 25 години во Рома? Ниедна!

Vecer | 09.04.2025

Тоти: Знаете колку Златни топки би освоил Меси ако беше 25 години во Рома? Ниедна!

Поранешниот репрезентативец на Рома и на италијанска репрезентација, Франческо Тоти, смета дека светската фудбалска мега-ѕвезда Лионел Меси не би можел да освои толкав број на индивидуални награди, ако настапувал за клубот од италијанската престолнина, каде Тоти ја помина целата кариера.

„Дајте му на Меси 25 години во Рома. Знаете ли колку Златни топки ќе освоеше? „Нула“, рече Тоти во едно тв-гостување.

Франческо Тоти помина 25 години во Рома. Во 2006 година тој стана светски шампион како дел од италијанската репрезентација. Со клубот еднаш го освои Скудетото, а исто така двапати го освои Купот на Италија. 

Во својата клупска кариера, Меси има осум признанија – Златна топка“ (2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021, 2023 година).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk