logo
logo
logo

Тотенхем се ослободува од четири играчи

Vecer | 31.05.2025

Тотенхем се ослободува од четири играчи

Освојувачот на титулата во Лигата на Европа, тимот на Тотенхем и официјално се збогува со четири играчи кои досега го носеа дресот на тимот од Лондон. Фрејзер Форстер, Серхио Регилон и Алфи Вајтман стануваат слободни агенти, додека Тимо Вернер, кој беше на позајмица кај Лондончаните, се враќа во РБ Лајпциг.

Со ова секако, дека тимот ослободува голем дел од месечните издатоци на име на плата, затоа што сите овие горенаведени имаа големи примања. Сепак, за нив повеќе нема простор во клубот, и тие можат да си пронајдат нова средина.

Од друга страна пак, лошата сезона во Премиер лигата, беше „испеглана“ со титулата во ЛЕ, но далеку дека во Тотенхем се е ок по ова прашање, напротив. Летово ќе бидат доведувани неколку имиња за да ростерот го донесе она очекуваното кога станува збор за резултатите.

ФОТО TOTENHEM X


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk