logo
logo
logo

Тотенхем пишува антирекорди: Спарс две децении немале толку порази во една сезона

Vecer | 22.04.2025

Тотенхем пишува антирекорди: Спарс две децении немале толку порази во една сезона

„Црната серија“ на Тотенхем продолжи и синоќа со новиот пораз во Премиерлигата. На домашен терен лондончани беа поразени од Нотингем Форест со 1:2 со што се на пат да соборат еден неславен рекорд стар две децении.

Имено, Тотенхем од синоќа веќе има најголем број порази во една сезона во  последните 20 години.

Избраниците на Анже Постекоглу синоќа го прокнижија и 18-тиот пораз во тековниот шампионат и се спуштија до неславното 16. место со 37 бодови. Последен пат Тотенхем имал толкму многу порази во една сезона во Премиер лигата 2003/04. Тогаш сезоната ја завршија со 19 порази, а доколку до крајот лондонскиот тим претрпи само уште два порази ќе испише нов негативен рекорд.

Тотенхем до крајот на сезоната има натпревари со Ливерпул, Вест Хем, Кристал Палас, Астон Вила и Брајтон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk