logo
logo
logo

Толку беше: Лука Модриќ става крај на блескавата кариера?!

Vecer | 27.05.2026

Толку беше: Лука Модриќ става крај на блескавата кариера?!

ФОТО: AC Milan/FB

По се изглеа толку беше. Лука Модриќ размислува за пензионирање од фудбалот по Светското првенство.
Оваа вест ја лансираше „Газета дело спорт“, која тврди дека Хрватот е изненаден од развојот на ситуацијата во Милан, кој пропушти место во Лигата на шампионите на крајот од сезоната.
Главната цел на Модриќ по пристигнувањето во Милан беше да го врати во Лигата на шампионите и да игра со овој тим во елитно натпреварување, но сега сè е под голем знак прашалник.
Златан Ибрахимовиќ, единствениот „преживеан“ во Милан, верува дека Хрватот повторно ќе размисли за останување, но не само што е опцијата да не игра за „росонерите“, туку и воопшто да не игра по Светското првенство.
Модриќ има 41 година, ќе игра на петтото Светско првенство и прашањето е дали ќе продолжи да игра фудбал после тоа.
Никогаш не сакал да оди во Саудиска Арабија, семејниот живот отсекогаш му бил прв приоритет, а Модриќ и неговото семејство се среќни во Милано. Неговата ќерка игра фудбал во академијата на Милан, неговиот живот е по негов вкус, но неговиот приоритет во однос на спортот беше Лигата на шампионите.
Резултатите на Светското првенство повторно ќе бидат клучни, ако Хрватска повторно напише историја, којзнае, можеби тоа ќе биде најдобриот начин да ги закачи копачките и да влезе во легендата како еден од најголемите на сите времиња.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk