logo
logo
logo

Толку беше: Чаби Алонсо доби отказ, Реал има нов тренер! (ФОТО)

Vecer | 12.01.2026

Толку беше: Чаби Алонсо доби отказ, Реал има нов тренер! (ФОТО)

Фото: Реал Мадрид X

Чаби Алонсо, шпанскиот стручњак, доби отказ во Реал Мадрид и повеќе не е прв тренер на „кралскиот клуб“.

По овој повод беше издадено официјално соопштение.
„Реал Мадрид објавува дека, по меѓусебен договор меѓу клубот и Чаби Алонсо, е одлучено да се прекине неговиот мандат како тренер на првиот тим.
Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на сите навивачи на Мадрид, бидејќи тој е легенда на Реал и отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом.
Нашиот клуб им се заблагодарува на Чаби Алонсо и на целиот негов технички тим за нивната работа и посветеност во овој период и им посакува многу среќа во оваа нова фаза од нивниот живот“,
се вели во соопштението на Реал.

За нов стратег веднаш е именуван Алваро Арбелоа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk