logo
logo
logo

Тој во Реал ја има најубавата работа: Не му се станува од клупата, а зема добра плата и сопругата задоволна!

Vecer | 27.06.2025

Тој во Реал ја има најубавата работа: Не му се станува од клупата, а зема добра плата и сопругата задоволна!

Андриј Лунин е втор голман на Реал Мадрид. Тибу Куртоа е незаменлив, а Украинецот ја чека својата шанса и тоа за помалку важни натпревари.
Сепак, иако на 26-годишникот не му пречи што е резерва и ретко добива шанса за игра, тој не сака да го напушти Реал.
Во изминатиот период, кралскиот клуб имаше голем број понуди за Лунин. Реал беше подготвен да преговара, но не и Украинецот. Одличниот голман не сака да го напушти Мадрид. Очигледно, улогата на прв голман во моментов не му е на прво место и тој претпочита да седи на клупата на Реал.
Така, Лунин ги отфрли повиците на великаните како Манчестер Сити, ПСЖ, Манчестер Јунајтед. Сите овие прашуваа за него и сите ги “откачи“.

Тој сака да остане и покрај огромниот интерес. Украинецот го бараа Манчестер Сити, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Галатасарај и Астон Вила. Никој не можеше да го убеди дека нивниот проект е вистинскиот за него“, пишува Марка и додава:

„Се чувствува удобно во Шпанија и Мадрид. Ниту една понуда не му беше доволна за да си замине.“

Минатото лето, Лунин го продолжи договорот со „кралевите“ до 2030 година. Очигледно, тој е подготвен да ја чека својата шанса во наредните години, а дотогаш ќе ужива во одлична плата и ќе ги гледа најголемите ѕвезди на светскиот фудбал од најдобрата можна позиција.

Неговата сопруга Анастасија исто така имаше големо влијание врз одлуката. Многумина се убедени дека таа е всушност таа што се прашува за сè во куќата и дека Андриј одбива покани од други клубови поради неа. Лесно е за жена да живее во Мадрид.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk