logo
logo
logo

Тоа е љубов кон клубот: Навивач на Астон Вила го продаде прстенот на татко му за да оди на финале

Vecer | 13.05.2026

Тоа е љубов кон клубот: Навивач на Астон Вила го продаде прстенот на татко му за да оди на финале

Извесен Скот Барнс, страствен навивач на тимот на Астон Вила, влезе во центарот на вниманието на јавноста во Англија поради интересен момент.

Го продаде скапоцениот прстен, кој што го добил како наследство од неговиот татко, за да собере пари и да замине на финалето од Лигата на Европа кое што се игра во Истанбул, а во кое што неговиот тим ќе игра против германскиот Фрајбург.

Барнс кој има инаку сезонска карта за мечевите на Вила, дал изјава за локалното радио во која објаснил дела немал доволно пари за авионскиот билет и престојот во Турција, па продавањето на накитот било логичен избор.

Златниот прстен со девет дијаманти на него, таткото на Скот го пубил во далечната 1988 година, а Барнс потврдил дека за него добил 600 фунти.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk