Македонската фудбалска легенда Горан Пандев заедно со својот поранешен клуб Интер пристигна во Манчестер. На „Етихад“ го следеше тренингот но беше и центар на вниманието затоа што некои од фудбалерите сакаа да поразговараат со македонскиот фудбалски ас.
Пандев е гостин на Интер, па ќе го гледа утрешниот дуел во Лигата на шампионите меѓу англискиот шампион Сити и италијанскиот првак Интер на „Етихад“.
Претходно ќе го проследи и дуелот на младите екипи на Сити и Интер од младинската Лига на шампиони.
View this post on Instagram