logo
logo
logo

Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров

Vecer | 20.03.2025

Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров

Фудбалскиот клуб Тиквеш на социјалните мрежи објави дека го повлекува дресот со број 16 со кој во клубот настапуваше Андреј Лазаров, беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.

Лазаров во минатото неколку сезони помина во клубот од Кавадарци. Тие решија на овој начин да му оддадат посебна чест.

„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.

Ангелите живеат вечно

Збогум Андреј“, објави Тиквеш.

Лазаров кој имаше 25 години беше член на Шкупи каде што летово се врати во македонскиот фудбал од хрватска Горица. На плоштадот во Кавадарци во текот на вчерашниот ден беше отворена и книга на жалост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk