logo
logo
logo

Тиери Анри за тоа кој е негов омилен клуб: Арсенал е на прво место, на второ и на трето…

Vecer | 13.12.2024

Тиери Анри за тоа кој е негов омилен клуб: Арсенал е на прво место, на второ и на трето…

Тиери Анри легендарниот француски репрезентативец во свое време беше еден од најдобрите фудбалери во Европа. Стана легенда на Арсенал, со Франција беше светски и европски првак, а покрај Арсенал, Анри играше и за Монако, Јувентус и Барселона.

На прашањето кој е негов најомилен клуб чиј дрес го носел, за иконата на “топчиите“ немаше дилеми:

Моето срце е во Арсенал и тоа нема никогаш да се промени“, рече Анри, а на прашањето ако може да рангира, односно да каже кој клуб е втор и трет на таа ранг листа, легендарниот напаѓач си кажа.

Арсенал е на прво место, Арсенал е на второ место и Арсенал е на трето место…“.

Анри за Арсенал одигра 377 натпревари, постигна 288 голови и имаше 93 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk