Бразилскиот фудбалски ветеран, Тиаго Силва е минато за Флуминензе. Бразилскиот клуб потврди дека шест месеци пред предвидениот рок, соработката со негогашната ѕвезда на Челзи завршува.
Тиаго Силва се врати во клубот од своето детство пред нешто повеќе од една година, но сега повторно се збогува со него. Вкупно, 41-годишниот Силва одигра 185 натпревари и постигна 18 гола за бразилскиот клуб.
„Глобо“ објави дека Силва се стреми кон враќање во Европа, каде што ќе биде поблиску до своето семејство кое живее во Лондон.