Искусниот стратег е еден од најсериозните кандидати за тренерското место во тимот на Фиорентина за следната сезона.
Ова е сосема извесно да се случи, затоа што клубот од Фиренца сезонава игра очајно, но ете некако собра доволно бодови до овој момент, за да излезе од зоната за испаѓање и што се вели да „дише полесно“.
Паоло Ваноли е во моментов кормилар на тимот, но тешко дека ќе му биде доделена довербата и следната сезона.
Клубот има сериозни амбиции, Мота е сериозно тренерско име со доста искуство.
Маурицио Сари и Фабио Гросо исто така се во комбинација.